Украинците тврдат дека загинале пет лица во Одеса: „Ова се велигденски подароци на Путин“

од Nikola Popovski
267 прегледи

Во рускиот ракетен напад врз пристанишниот град Одеса загинаа пет лица, а 18 се повредени, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Руските сили лансирале најмалку шест крстосувачки ракети кон пристанишниот град Одеса, тврдат украинските власти.

Градскиот совет на Одеса денешните руски напади ги нарече „велигденски подароци на Путин“.

-Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Москва сè уште не одговорила на ваквите тврдења.

Слични содржини