Украинците уништиле клучни мостови во близина на Херсон

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Украинската војска соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две депонии за муниција во борбите во регионот Херсон. Тие објавија дека уништиле и три моста во областа Херсон, во центарот на контраофанзивата на Киев на југ. За Русија, овој регион е клучен за одржување на линиите за снабдување.

Руските сили продолжија со нападите во повеќе правци, но украинската армија ги одбила, јавува украинскиот Генералштаб. Нападнати се Славјанск, Бахмут, Авдивка и Новопавливка.

Железничкиот сообраќај кон Херсон преку реката Днепар е во прекин, соопшти Јужната команда на украинската армија.

Ова потенцијално може дополнително да го комплицира снабдувањето на руските сили западно од реката.

Слични содржини