Украла лаптоп од канцеларијата на Ненси Пелоси, сакала да го продаде на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Американскиот ФБИ истражува дојава дека жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на Ненси Пелоси за време на упад во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.

Против моментално неименуваната жена е поднесена кривична пријава, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, се наведува дека се работи за 22-годишната Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е обвинета за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде уредот и му кажала дека има намера да го испрати компјутерскиот уред на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руската странска разузнавачка служба.

Сепак, според сведокот, планот пропаднал од засега непознати причини, а Вилијамс или сè уште го поседува уредот или оттогаш го уништила.

Како што се наведува, целиот случај е сè уште под истрага, а Вилијамс сè уште не е уапсена.

Слични содржини