147
Шефот на украинската електродистрибуција, Володимир Кудрицки, денеска изјави дека руските ракетни напади предизвикале „колосална“ штета на украинските енергетски постројки.
Извршниот директор на „Укренерго“, Кудрицки, на брифинг со новинарите рече дека неговата компанија сака да помогне да се обезбедат услови за Украинците да останат во земјата во текот на претстојната зима.
Украинските власти во понеделникот соопштија дека започнале со евакуација на населението од неодамна ослободената област Херсон и соседната провинција Николаев, бидејќи стравуваат дека штетата на инфраструктурата е преголема за нормално снабдување со електрична енергија во текот на зимата.