222
Украинскиот државен оператор за пренос на електрична енергија „Укренерго“ денеска соопшти дека надворешното напојување на нуклеарната централа во Запорожје е повторно воспоставено по кратко време по пријавен пожар во електроенергетскиот објект во градот Запорожје.
„Укренерго“ објави дека го обновил далноводот што ја снабдува електричната енергија на нуклеарната централа во Запорожје, пренесе „Ројтерс“.
Украинската државна компанија за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ претходно денеска соопшти дека нуклеарната централа во Запорожје е исклучена од електричната мрежа поради руско гранатирање на надворешен далновод.