Улицата “Болдвин” е најстрмната станбена улица во светот според книгата со рекорди. Таа се наоѓа во населба “” North East Valley “во градот Данидин, кој пак се наоѓа во јужниот дел на Нов Зеланд.
Еден нејзин дел, долг 350 метри, започнува со умерено навалување и тогаш станува супер стрмно, па достигнува максимален наклон од 19 степени или 35%.
Тоа значи дека за секој 2,86 м патување хоризонтално, човек ја менува надморската височина на која се наоѓа со 1 метар.
Улицата е толку стрмна што тротоарите требало да бидат направени од бетон, наместо од асфалт, бидејќи во топлите денови постои опасност лепливата црна маса да потече надолу по падината.
Улицата е ќорсокак и е место на кое секоја година се одржуваат спортски настани во Данидин (во јули минатата година имало поворки од луѓе кои прават вежби за рамнотежа).
Во март 2001 година 19-годишна студентка умира несмасно на оваа улица, откако се обидува да се стркала надолу во контејнер. Тој се удира во паркирана приколка и девојката умира на место.