Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството.

Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани.

Тој за „Градска“ вели дека работата ја работи со цело срце иако има малку работа. Според него, во последно време доаѓаат луѓе и ги поправаат старите јоргани кои ги наследиле од роднините.

Слични содржини