148
Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството.
Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани.
Тој за „Градска“ вели дека работата ја работи со цело срце иако има малку работа. Според него, во последно време доаѓаат луѓе и ги поправаат старите јоргани кои ги наследиле од роднините.