281
Бројот на загинатите во поплавите во централна Кина се зголеми на 302 од 20 јули, објавија денеска локалните власти, додавајќи дека 50 лица се водат како исчезнати.
Според претходниот биланс, имаше околу 100 загинати.
Обилните дождови во Џенгжу, главниот град на кинеската провинција Хенан, ги уништија шините на метрото и тунелот за патен сообраќај, во кој имаше неколку десетици автомобили.
Градските власти соопштија дека 39 лица загинале, а 14 само во подземната железница.
Локалните власти беа критикувани дека не наредиле да се затвори јавниот превоз и покрај предупредувањата на метеоролозите.
Штетата од невремето во Џенгжу се проценува на околу седум милијарди евра.