Холивудската sвезда Кијану Ривс им призна на своите обожаватели дека сака да ја толкува улогата на Вулверин, дека неговиот сон е да снима со режисерот Дејвид Финчер, како и да чува некои реквизити од филмовите во кои глуми.
Неодамна, американскиот актер со канадско потекло комуницираше со своите обожаватели преку апликацијата „Редит“ на Интернет.
Ѕвездата на „Матрикс“ и „Џон Вик“, за време на виртуелното дружење призна дека силно сакал да го игра Вулверин – лик што го толкуваше Хју Џекмен во серијалот за Х-мен. Оваа филмска улога, славната личност ја нарече „улога од соништата“.
Ривс призна дека никогаш не се покајал заради улогите што морал да ги одбие, но тој секогаш „горел од желба“ да го оживее познатиот стрип мутант. Вулверин продолжува да го толкува австралиската sвезда, кој ќе го игра Логан и во третото продолжение на „Дедпул“, кое премиерно ќе биде прикажано во ноември 2024 година.