Ултрас навивачите помагаат во време на корона

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Организираните навивачки групи во Германија од избувнување на корона кризата помагаат секаде каде што ќе стигнат. Ултрасите во ова време покажуваат висок степен на општествена солидарност. Притоа, велат тие, воопшто не е целта да се промени нивниот имиџ.

Швабенштурм 02, група искрени поддржувачи на фудбалскиот клуб Штутгарт, пред повеќе од еден месец организираше помош за оние кои се погодени од коронавирусот. Оттогаш, групата организираше мрежа од над 80 помагачи расфрлани низ селата и градовите во радиус од 60 километри околу Штутгарт.

Шест дена во неделата, тие доставуваат најобходни работи и лекови на оние кои се најпогодени од пандемијата: старите лица и болни.

За членот на групата Клеменс Кнедлер, тоа е вредно искуство од самиот почеток. „Чувствуваме голема благодарност од луѓето што ги посетуваме. Тие се среќни што некој ги поддржува во овој момент “, вели навивачот за Дојче Веле.

Ултрас хуманитарци

Иницијативата на навивачите од југозападна Германија не е осамена. Во Берлин, ултрасите на клубот Унион организираа ограда во која граѓаните можат да остават кеси со намирници и материјали за оние кои не можат да си го дозволат тоа. Фабијан Фос од оваа иницијатива е изненаден од дарежливоста на граѓаните. „Секој ден се појавуваат нови вреќи на оградата. Тука се одвиваат многу работи “, вели Фос.

Оградата беше само почеток. Во меѓувреме, навивачите на Унион Берлин организираа и шиење заштитни маски. „Децата немаат многу работа во моментов и зошто да не направат нешто корисно заеднички. Јас имам две леви раце, но без разлика на тоа – оди некако “, изјави Фос за ДВ. Досега се собрани над 500 маски.

Промената на имиџот не е целта

Активностите на лутите фудбалски навивачи не поминаа незабележано од германската јавност, кои обично ги идентификуваат ваквите групи со негативни постапки, како што е неодамнешната, кога на вулгарен и неприфатлив начин се пресметаа со мецената на Хофенхајм, Дитмар Хоп. Одеднаш, „ултрасите“, кои медиумите до неодамна ги опишуваа како „грдо лице на фудбалот“, станаа симбол на љубовта кон нечиј сосед и солидарност.

„Сега сите велат: тоа е промена на имиџот. Но, јас тоа би го издвоил целосно од фудбалот. Ние не го правиме ова за да можеме подоцна да кажеме дека работевме на подобрување на нашиот имиџ. Тоа не е наша цел “, вели Фос.

Нормални граѓани кои само сакаат да помогнат

Пофалбите од цела Германија не опаѓаат, но на моменти „тифозите“ оваа ненадејна поплава сочувство е сомнителна. Нордкурва Актив, добротворна организација основана пред повеќе од една деценија од приврзаниците на клубот „Борусија Менхенгладбах“, исто така е активна за време на криза на корона.

Штефан Мелер од таа иницијатива вели дека нивната акција не е ништо ново. „Социјалното ангажирање е дел од ултрас-културата. Веројатно секоја група во Германија денес има своја хуманитарна иницијатива “, веи Мелер за Дојче Веле.

„Ултрасите“ се навикнати на критики во медиумите, така што не ја сфаќаат оваа позитивна лавина премногу сериозно. Клименс Кнедлер од Штутгарт, исто така, не верува дека сето ова фалење ќе го подобри имиџот на ватрените фанови во Германија на долг рок. „Мислам дека имиџот на улстрасите нема да се промени после ова. Нема да трае долго“.

И покрај тоа, Кнедлер е задоволен што сега, во време кога стадионите се празни, излезе уште една, помалку позната страна на ултрас сцената. „Ова е можност да се покаже какви се ултрасите. Дека тие не се само „грдата страна на фудбалот’, туку и нормални граѓани кои сериозно ја сфаќаат својата општествена одговорност и само сакаат да помогнат “.

Слични содржини