201
Некои метални делови се заменети со проѕирни за да може гледачот да ја види внатрешноста на моторот додека работи.
Моделот Z на Nissan е своевидна легенда, а штотуку оживеа новата генерација, која освен интересен, ретро дизајн, носи и докажани состојки – рачен менувач и V6 мотор.
Во обид да го направат Z Coupe повидлив во маркетингот, експертите на Nissan малку си поиграа со моторот опремен со два турбополначи.
Некои метални делови се заменети со проѕирен материјал. Некои компоненти се хромирани, а на други им е дадена посебна боја за да бидат повидливи.
Инаку, моторот развива 400 КС, а за жал на домашните љубители на спортски автомобили, новиот Z е достапен речиси во целиот свет – освен во Европа.
Погледнете го видеото.