Паметните телефони треба да бидат забранети во училиштата за да се решат проблемите во училницата, да се подобри процесот на учење и да се помогне да се заштитат децата од онлајн малтретирање, соопшти денеска УНЕСКО.
Во извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации се наведува дека постојат докази дека прекумерната употреба на мобилни телефони е поврзана со послаби училишни резултати, како и дека времето поминато пред екранот негативно влијае на емоционалната стабилност на децата, пренесува „Гардијан“.
Се додава дека дигиталната технологија како целина, вклучително и вештачката интелигенција (ВИ), секогаш треба да биде подредена на „човечко-центрирана визија за образование“ и никогаш не треба да ја замени интеракцијата лице-в-лице.