319
Комитетот за светско наследство на УЕСКО побара од Турција да достави извештај за состојбата на зачуваност на Аја Софија во Истанбул до 2022 година и изрази длабока загриженост за последиците од претворањето на овој познат византиски објект во џамија, пренесува Хина.
Поранешниот музеј на Аја Софија беше претворен во џамија од страна на турските власти на 10 јули 2020 година, што предизвика бран на меѓународно негодување и ги влоши тензиите меѓу Турција и Грција.
Комитетот за светско наследство бара од Турција да достави „ажуриран извештај за состојбата на зачуваност“ на објектот до 1 февруари 2022 година и жали за недостатокот на дијалог и информации за одлуката на Турција за промена на статусот на музејот Аја Софија и црквата Хора.