Над десет илјади Унгарци ги изгубиле своите смарт телефони на бројните прослави на Новогодишната ноќ.

Петер Береш, консултат во фирмата Сиконтакт задолжена за ИТ безбедност, вели дека имајќи ја во предвид љубопотноста на Унгарците и фактот дека поголем број од телефоните не се заштитени, над 60 проценти од оние кои ќе ги пронајдат телефоните ќе можат да ја видат нивната содржина. Тој вели и дека на Божиќните прослави во Велика Британија биле изгубени дури 138.000 мобилни телефони и лаптопи.
Дури 64 проценти од нив немале никаква заштита.