Унгарија ќе испрати 187 милиони евра финансиска помош за Украина, како придонес во планираниот пакет поддршка од ЕУ за таа земја со вкупна вредност до 18 милијарди евра за следната година, се наведува во уредбата на унгарската влада, пренесе „Ројтерс“.
Во уредбата, објавена доцна во средата, се наведува дека унгарската влада продолжува да учествува во финансирањето на поддршката за Украина.
Владата на премиерот Виктор Орбан изјави дека е подготвена да го плати својот дел од поддршката за Украина, но дека повеќе би сакала да плаќа билатерално отколку во рамките на ЕУ.
Во уредбата, потпишана од Орбан, се вели и дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто треба да започне преговори со Украина за да се изработи договор потребен за финансиска помош.