Унгарија бара начин да ги заобиколи санкциите врз руските нафтени компании

Унгарија работи на наоѓање начин да ги „заобиколи“ американските санкции врз руските нафтени компании, изјави премиерот Виктор Орбан за унгарското национално радио Кошут, објави Ројтерс.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарија работи на наоѓање начин да ги „заобиколи“ американските санкции врз руските нафтени компании, изјави премиерот Виктор Орбан за унгарското национално радио Кошут, објави Ројтерс.

Премиерот рече дека разговарал со унгарската нафтена компанија МОЛ за ова прашање.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе директни санкции врз руските компании Лукоил и Роснефт за прв пат во својот втор мандат.