Унгарија: Долго време сме против санкциите против патријархот Кирил

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Противењето на Унгарија на потенцијалните санкции на ЕУ против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, „е познато одамна“, објави денеска Берталан Хаваси, медиумски претставник на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Лидерите на Европската унија начелно се согласија за шестиот пакет санкции против Русија претходно оваа недела, а тројца неименувани дипломати за „Ројтерс“ во средата изјавија дека Унгарија го блокира усвојувањето на пакетот санкции, инсистирајќи на отстранување на патријархот Кирил од листата на санкционирани лица, пренесува британската агенција.

Хаваси додаде дека Унгарија ќе го почитува договорот потпишан на самитот на ЕУ за санкции на почетокот на неделава и дека „по тој повод никој не го крена гласот против позицијата на Унгарците во однос на патријархот Кирил“, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на унгарската агенција МТИ.

Слични содржини