Унгарија дозволи војници од ЕУ и НАТО да помогнат во обезбедување на нејзините граница

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Унгарските власти дозволија војници од други држави на ЕУ и НАТО да помогнат во обезбедување на земјата поради мигрантската криза.ungarija-ja-zatvori-granicata-tocka-2015-01

Согласно владиниот указ, кој е објавен денеска, околу илјада војници од сојузнички држави можат до 15 март да учествуваат во операција „Заедничка волја“. нивните задачи би можеле да вклучуваат учество во заеднички воени вежби со унгарската армија, како и директна поддршка за унгарските војници на границите.

Досега Унгарија распоредила околу 4.700 свои војници долж границите со Србија и Хрватска.

Речиси 330.000 мигранти влегоа од почетокот на годинава во Унгарија, која е најзагрозена во ЕУ од бегалската криза.