Унгарија ги намали цените на свинското месо и пилешките гради

од Nikola Popovski
171 прегледи

Унгарската влада од февруари ќе донесе уредба за намалување на цените на шест основни прехранбени производи, изјави премиерот Виктор Орбан, најавувајќи мерки за намалување на инфлацијата.

Орбан (58) рече дека од следниот месец цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, млекото, свинското месо и пилешките гради мора да се намалат на нивото од средината на октомври.

„Цените растат низ Европа поради поскапувањето на енергенсите“, рече Орбан во видео пораката по состанокот на владата.

Тој посочи дека намалувањето на цените мора да се применува низ целата земја, јавија унгарските медиуми.

 

Слични содржини