Унгарскиот заменик-министер за надворешни работи и трговија Левенте Маѓар денес изјави дека го откажал учеството во преговорите меѓу Унгарија и Украина за решавање на правата на унгарското малцинство во Закарпатија, кои беа закажани за понеделник, бидејќи, како што изјави, во Закарпатија е спроведена „превентивна акција“ поради обвинувања за шпионажа.
Унгарецот објави на Фејсбук дека на 29 април во Будимпешта имал состанок со украинската вицепремиерка Олга Стефанишина со цел да се даде нов поттик на преговорите за решавање на правата на унгарското малцинство во Закарпатија да го користат својот мајчин јазик, кои беа заглавени во последните месеци.
Тој потсети дека на тој состанок, кој се одржал „со коректен тон“, било договорено да се продолжи со работата на експертско ниво на 12 мај, објави порталот Hirado.hu.