Унгарија го повика Руте да престане да поттикнува воени тензии

„Ако некој сè уште се сомневаше дали сите во Брисел навистина полуделе, конечно можеше да се увери по вчерашниот говор на генералниот секретар на НАТО во Берлин“, вели унгарскиот министер во својата објава.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ EU Debates

Унгарската влада го повика генералниот секретар Марк Руте да „престане да поттикнува воени тензии“, изјави денес министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој во објава на Фејсбук рече дека последните изјави на Руте се „јасен знак дека сите во Брисел се спротивставуваат на мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп“, објави MTI.