Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги обвини украинските власти дека се обидуваат да се мешаат во изборите во Унгарија, кои ќе се одржат во недела, на 3 април.
Во видео-обраќање на социјалните мрежи, Сијарто изјави дека постои „трајна координација меѓу унгарската левица и претставниците на украинската влада“ и дека Украина се обидува да влијае на изборите во Унгарија на 3 април во корист на коалицијата на опозициските партии.
Тој додаде дека министерот за надворешни работи на Украина Димитри Кулеба контактирал со украинскиот амбасадор во Будимпешта за да разговараат за тоа како Украина може да влијае на изборите во Унгарија, на кои актуелниот премиер Виктор Орбан се бори за четврти последователен мандат.
Кулеба ги отфрли тие тврдења, велејќи за украинските медиуми дека Украина никогаш не се мешала во внатрешните работи на Унгарија, особено не пред изборите.
Сепак, министерот не презентираше докази за своите тврдења.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го критикуваше пристапот на Унгарија кон војната во Украина.