307
Парламентот на Унгарија нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТО пред летната пауза, бидејќи гласањето за неа не е на дневен ред на седницата следната недела. Унгарските портали објавија дека собранието, во кое мнозинство има партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, го одложило гласањето по влошувањето на односите меѓу Унгарија и Шведска, пренесува „Ројтерс“.
Прес-службата на парламентот не ја потврди оваа информација, додава „Ројтерс“.
Во објава на Фејсбук, левичарската опозициска пратеничка Агнес Вадаи рече дека Орбан нема да го стави барањето за пристап на Шведска во НАТО на дневниот ред за гласање следната недела.