197
Унгарија сака да ги види деталите од предлогот на Европската унија за санкции за увоз на руска нафта и гас пред да одлучи дали ќе го блокира тој предлог или не, изјави денеска Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
„Би сакале да видиме какви предлози се на маса и дали има алтернатива за замена на ресурсите што доаѓаат од Русија“, рече Гуљас на прашањето од новинарите дали Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ за руската нафта и гас.
Тој додаде дека што се однесува до увозот на гас, таква алтернатива во догледна иднина нема.