76
Унгарија на полноќ ќе ја затвори границата со Хрватска поради големиот прилив на бегалци. Бегалската криза беше тема на Советот за национална безбедност, кој денеска го свика унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер во четвртокот, на самитот на ЕУ, рече дека не станува збор за затворање на границата, туку за спроведување на Шенгенскиот договор.
На најавата дека Унгарија ќе ја затвори границата со Унгарија, брзо реагираше и словенечкиот премиер Миро Церар, велејќи дека неговата земја ќе ги преземе сите нужни чекори затоа што во тој случај сите бегалци и мигранти ќе бидат насочени кон таа земја.