Унгарија ќе ја затвори својата „зелена“ граница со Хрватска на полноќ, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и додаде дека официјалните гранични премини ќе продолжат да работат, но со засилени контроли.
Поради ваквата одлука за запирање на бранот бегалци, словенечниот премиер Миро Церар за утре свика седница на Советот за национална безбедност. Премиерот не ја коментираше одлуката на унгарската влада, но по состанокот со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Брисел, искажа страв дека со еднострани мерки на поедини држави можат да доведат до домино ефект кај други на бегалската рута.
Во Унгарија оваа година пристигнаа повеќе од 383 000 мигранти, од кои скоро сите го продолжија патот кон Германија и други земји од Западна Европа.