Високиот комесаријат за бегалци на ОН предупреди денеска дека одлуката на Унгарија за затворање на границата за бегалците, го зголемува нивното патешествие и може да доведе до нивно натрупување на рутата до нивната цел.

APTOPIX_Hungary_Migrants-0fc33-7219

Регионалниот портпарол на УНХЦР за Централна Европа Бабар Балоч потврди дека за нова траса на бегалците низ Словенија уште повеќе се продолжува нивното долго патување до Западна Европа.

Балоч наведува дека околу 4000 бегалци пристигнале во Словенија откако Унгарија ја затвори границата со Хрватска во петокот на полниќ и дека илјадници се заглавени во Хрватска и Србија и чекаат патување до одредиштето.

Словенија соопшти дека ќе прима по 2500 луѓе дневно, што ќе значи забавување на нивното движењње.

Во Србија стотици луѓе седат во околу 20 автобуси од рано изутрината и чекаат да ја преминат границата и да влезат во Хрватска, а веќе се очекуваат нови бегалци да пристигнат во текот на денот.

Хрватската полиција соопшти дека скоро 4000 луѓе останале во бегалскиот камп во Опатовци, каде се паркирани 50 автобуси кои чекаат да ги преземат бегалците и да ги одвезат кон Словенија.

 

Слични содржини