Унгарија располага со доволен број национални вооружени сили, така што нема потреба од распоредување дополнителни единици на НАТО на нејзина територија, изјави унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенке.
Министерот ги коментираше неодамнешните вести на телевизијата „Скај њуз“, која објави дека членките на НАТО ја разгледуваат можноста за формирање нови воени единици во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка.
На прашањето дали е вистина дека САД преговараат за распоредување борбени единици на НАТО со Унгарија, Бенке посочи дека и Вашингтон и Алијансата разговараат за ова со сите земји на источната граница на НАТО, како и со оние кои граничат со Украина или Русија.
„Нашиот став е дека Унгарија веќе создаде такви национални сили, формираше таков национален потенцијал што во сегашната ситуација нема потреба да се потпираме на странски вооружени сили и единици“, рече Бенке.
Како што прецизираше, земјата сепак има намера да оди по тој пат.
По повод членството на Украина во НАТО, Бенке потсети дека Будимпешта долго време ја поддржувала желбата на Украина да стане членка на Алијансата.
„Но, тогаш Украина излезе против Унгарците кои живеат во Закарпатија и се однесуваше на начин неприфатлив за Алијансата. После тоа, владата на (Унгарија) зазеде став дека Украина сè уште не е подготвена за членство, не ги исполнува очекувањата на НАТО. Се разбира, минатиот пат лично му кажав на министерот за одбрана на Украина дека можеме повторно да разговараме за ова прашање доколку на Унгарците од Закарпати им се дадат истите права како и на луѓето кои зборуваат украински во Унгарија“, изјави Бенке за „Inforadio“.