Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската унија за почеток на преговори за прием на Украина како членка на блокот, изјави Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер.
На прес-конференцијата во Будимпешта, тој посочи дека е прерано да се започнат официјални разговори со Киев за пристапувањето на земјата во ЕУ, разурната од војна, и дека Унгарија нема да даде согласност за започнување дискусии за време на средбата на лидерите на ЕУ во средината на декември.
„Имаме работа со целосно предвремен предлог“, рече Гујас, додавајќи дека Унгарија „не може да придонесе за заедничка одлука“ односно покана на Украина да го започне процесот за пристапување во блокот.
На почетокот на овој месец, Европската комисија препорача да и се дозволи на Украина да започне преговори за членство откако ќе ги реши прашањата за управување кои вклучуваат корупција, грижи поврзани со лобирање и ограничувања што би можеле да ги спречат националните малцинства да учат и читаат на нивните јазици.