Унгарија: Нема да го поддржиме ембаргото за рускиот гас и нафта

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Унгарија нема да поддржи никакви санкции за руската нафта и гас, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто, повторувајќи го ставот на унгарската влада по тоа прашање.

Испораките на руски гас во Унгарија пристигнуваат без никакви прекини, изјави Сијарто на брифинг со новинарите во видео-обраќање на неговиот Фејсбук профил, по разговорот што го имаше со неговиот турски колега во Анкара, пренесе Ројтерс.

Слични содржини