Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека неговата земја нема да ја прекине енергетската соработка со Русија поради војната во Украина.
Тој додаде дека Унгарија ќе ја продолжи оваа соработка „водена од практични, а не политички причини“, пренесе ТАСС.
„Не сакаме да се ослободиме од изворите кои денес ја гарантираат енергетската безбедност на Унгарија. Во исто време, сакаме да привлечеме дополнителни извори“, рече Сијарто.