20
Претставниците на Унгарија го блокираа заедничкиот апел на земјите од ЕУ во врска со непризнавањето на претседателските избори во Белорусија, јавува Радио Слобода, повикувајќи се на неименувани извори во Брисел.
Без потписите на претставниците на сите 27 земји од ЕУ, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас и европската комесарка за проширување Марта Кос во саботата издадоа заедничка изјава, нагласувајќи дека претседателските избори одржани на 26 јануари во Белорусија не биле слободни и фер и повикаa на нови санкции против таа земја.
Претходно, белорускиот сервис на Радио Слободна Европа објави дека Унгарија и Словачка одбиле да ја потпишат нацрт-изјавата во име на 27-те земји од ЕУ.