Унгарија планира четирикратно да го зголеми данокот за краткорочно изнајмување станови

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Унгарија планира четирикратно да го зголеми данокот за краткорочно изнајмување станови во Будимпешта за да се справи со станбената криза во нејзиниот главен град.

Според предлог-законот, месечниот данок за краткорочно изнајмување станови ќе изнесува 150.000 форинти или околу 373 евра, што претставува значително зголемување во однос на претходните 38.400 форинти, пишува „Блумберг“.

Дополнително, унгарската влада нема да издава нови дозволи за краткорочно изнајмување станбени единици во Будимпешта во 2025 и 2026 година, според нацрт-законот.

Жителите на шестата градска област на Будимпешта, една од најпопуларните туристички дестинации, минатиот месец поддржаа целосна забрана за краткорочно изнајмување почнувајќи од 2026 година.

Со години се жалат на бучава, големо количество ѓубре и поскапување на кириите поради растот на туризмот.

Трошоците за домување во Будимпешта се зголемени речиси четири пати во изминатите десет години, делумно поради бумот на платформите за изнајмување како што се Booking или Airbnb.

Слични содржини