Унгарија продолжува да го блокира предлогот на Европската унија да го забрани увозот на руска нафта, блокирајќи го новиот пакет санкции на ЕУ насочени кон рускиот претседател Владимир Путин, изјавија извори запознаени со ова прашање, пренесе „Блумберг“.
Денешната средба на 27-те евроамбасадори заврши без договор, а се очекува разговорите да продолжат и во наредните денови, изјавија извори кои инсистираа на анонимност, бидејќи разговорите се воделе зад затворени врати.
Иако ЕУ предложи Унгарија да увезува руска нафта до 2024 година, предлогот на Брисел не успеа да ја убеди Будимпешта.