Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа објави дека земјата ќе исплати 14-та пензија, објави националната новинска агенција МТИ.
Во видео објавено на Фејсбук, Орбан објасни дека одлуката следела по долга дебата за време на состанокот на кабинетот во средата, додавајќи дека владата веќе работи на воведување на 14-та пензија.
Владата, исто така, одлучи да ги зголеми платите во социјалниот и културниот сектор за 15%, да ги удвои средствата за згрижувачките родители и да изготви акционен план за подобрување на условите за децата во државните домови за сираци.
Дополнително, Орбан објави дека владата одлучила да го продолжи плафонот на профитот за основните прехранбени производи, додавајќи уште 14 артикли на листата.