154
Унгарија има најголема стапка на вакцинирани во споредба со другите земји на Европската Унија, но сепак е меѓу најлошите во светот според бројот на смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, скоро 22 проценти од населението во Унгарија ја примило првата доза на вакцината, додека просекот на ЕУ е 12,3 проценти.
И покрај поголемиот процент на имунизација, што успеа да ја спроведе благодарение на набавката на вакцини од Русија и Кина, како и од ЕУ, Унгарија не успеа да го забави наглото зголемување на пандемијата.
Во Унгарија, земја со 9,6 милиони жители, починале 20.161 лице од почетокот на пандемијата, 189 во последните 24 часа.