Унгарски министер: Не поддржуваме нови енергетски санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Унгарската влада нема да го поддржи предлогот на Естонија за воведување нови санкции за снабдување со руски енергенси на земјите од ЕУ и нема намера да воведе никакви ограничувања за влезните визи за руските граѓани, најави денеска министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Унгарскиот министер, по телефонскиот разговор со неговиот естонски колега Урмас Реинсалу, изјави дека владата во Талин веќе покажала желба да изнесе сугестии до целата Европска унија во однос на осмиот пакет санкции против Русија, кој ќе вклучува целосно ембарго на снабдување со енергија, пренесува ТАСС.

Според унгарскиот министер, Будимпешта се противи на ваквите идеи.

„Не сакаме ни да преговараме за енергетски санкции“, напиша Сијарто на својата Фејсбук страница.

Слични содржини