Унгарскиот парламент неделава нема да гласа за барањето на Шведска за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Унгарскиот парламент нема да гласа за барањето на Шведска за влез во НАТО оваа недела, изјави висок опозициски пратеник.

Тоа практично значи дека ова прашање нема да се најде на маса до следниот месец.

Агнес Вадаи, потпретседател на опозициската партија Демократска коалиција, во вторникот ги критикуваше своите колеги пратеници на Фејсбук за одложување на гласањето, обвинувајќи ја владејачката коалиција за игнорирање на „домашната безбедност“.

Унгарија и Турција се единствените членки на воената алијанса предводена од САД кои сè уште не ја одобриле кандидатурата на Стокхолм за членство. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го потпиша пристапниот протокол претходно оваа недела, испраќајќи го до парламентот на ратификација. Доколку се гласа за протоколот, конечната одлука би ѝ припаднала на Будимпешта.

Унгарските пратеници првпат иницираа гласање за членството на Шведска минатата година, но мерката постојано беше одложувана поради противењето на владејачката партија Фидес.

Во средата, помошник на унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека администрацијата бара „нормални, добри односи со Шведска“, но посочи дека некои од условите на Будимпешта не се исполнети.

„Ако постигнеме добри односи, нема да има пречки за нејзино пристапување“, додаде функционерот, иако не прецизираше што значи тоа.

Медиумите претходно објавија дека Столтенберг, зголемувајќи го притисокот врз Унгарија да го ратификува членството на Шведска, дури и дал рок до кој се треба да се заврши.

Пред околу една недела тој испратил писмо до сите земји членки, во кое вели дека Шведска треба да стане членка најдоцна до состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој е закажан за 28 и 29 ноември, изјави портпаролот на шведската влада.

Слични содржини