УНГАРЦИТЕ ГИ ШОКИРАА СВЕТСКИТЕ ШАМПИОНИ: Франција ремизираше на „Пушкаш арена“

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Фудбалерите на Унгарија во 2. коло од групата Ф на „Пушкаш Арена“ на Европското првенство одиграа 1: 1 (1:0) против репрезентацијата на Франција, актуелен светски шампион.

Домашниот тим ги шокираше „галските петли“, кои се изнапромашија во првото, а особено треба да се потенцира промашувањето на Карим Бензема.

Во продолжението на првото полувреме, стигна казната, Атила Фиола искористи фантастично двојно додавање за водство на Унгарија.

Усман Дембеле ја погоди стативата во 59-та минута, а Антоан Гризман ги постави конечните 1:1 по додавањето на Мбапе.

Кај погодокот на Французите треба да се истакне исфрлувањето на голманот Иго Лорис, кој ја шутна топката кон напаѓачот на ПСЖ.

Слични содржини