Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) сака земјите од ЕУ да примат 42.500 авганистански бегалци во следните пет години, изјави еврокомесарката Илва Јохансон во Брисел, додавајќи дека ова е „остварлива“ цел.
Таа зборуваше на форумот за заштита на авганистанските граѓани во опасност, на кој беа собрани повеќето земји -членки на ЕУ, УНХЦР и Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди процени дека во следните пет години, околу 85.000 Авганистанци ќе треба да се преселат од соседен Авганистан, каде што се бегалците, во други земји, рече Илва Јохансон.
Според нејзините зборови, Гранди предложил ЕУ да прифати половина од тие бегалци, 42.500 од нив.
„Мислам дека тоа е остварливо“, вели таа, додавајќи дека „некои земји од ЕУ не можат да донесат одлука за прифаќање бегалци сега, бидејќи тие се во процес на формирање влада“, што е случај во Германија.