Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина откако Русија ја нападна земјата надмина пет милиони, според официјалните податоци на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Бројот на Украинци кои побегнаа во странство откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари сега изнесува 5.010.971, соопшти денеска УНХЦР, цитирани од Ројтерс.
Се наведува и дека вкупно повеќе од 12 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради војната во Украина.