УНИАН: “Исламска држава” забележува месечна заработка од 50 милиони долари

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Терористичката организација “Исламска држава” заработува п0 50 милиони долари месечно од екстракција на нафта во окупираните од нив територии во Ирак и Сирија. Овие придобивки се и причината тие и досега да ги задржат својата власт таму, пренесува  УНИАН.

џихадисти

Имајќи финансиските средства за обнова на инфраструктурата и да плаќа платите на своите борци, “Исламска држава” успева да издржи копнените борби и воздушните напади, нанесувани  од меѓународната коалиција со САД , и сега од Русија. Терористичката група дури добива опрема и професионалци од странство, со кои  ја чуваат работата на индустријата .
Според ирачкото разузнавање “Исламска држава” продава сурова нафта на шверцери на цени значително пониски од меѓународните. Шверцерите ја продаваат нафтата на посредници во Турција. Количините достигнуваат до 50 илјади барели дневно.
Финансиската состојба на “Исламска држава” се зголеми откако Мосул беше преземен од неа минатата година. Градот и соседната му провинција е еден од најбогатите на нафта региони на светот. Исто така терористите успеаја да ззафатат и речиси милијарда долари, кои се наоѓаат во 90-те банки на градот