Уникатна и многу лесна солена торта

од desk3
182 прегледи

Го сакам зеленчукот, но најмногу со нетрпение ја очекувам сезоната на тиквички! Од овој летен зеленчук може да се приготви голема количина префинети вкусни јадења. Во прилог, тиквички се доста корисни. Тие често се додаваат кон детското мени, во исхраната на пациентите, како и во храната на луѓето кои страдаат од проблеми со варењето.

Тиквичките се во поголемиот дел од диетите, а денес ќе ви покажеме како да направите торта од тиквички сирење и домати. Освем вкусна таа е и многу здрава.

-Состојки за палачинките од тиквички:

1 кг млади тиквички

125 грама крем

3 јајца

1,5 чаша брашно

1/2 лажичка сода

50гр копар

1 нотка на сол и црн пипер

50 грама зелен кромид

4 домати

масло (за пржење)
-Состојки за крем сос:

125 грама крем

4 чешниња лук

200 грама копар

1 нотка на сол

-Состојки за полнење

800 грама домати

300 грама сирење / кашкавал

Начин на подготовка:

Измијте и изупете ги тиквичките. За палачинките испржете ги тиквичките и посолете ги. Изрендајте ги тиквичките, копарот исечете го на ситни делчиња. Копарот, тиквичките и павлаката измешајте ги. Додадете јајца и сода. Продолжете со мешање се додека не добие густина на палачинки па испечете ги во тава. Ставете ја палачинката и намачкајте ја со кремот, над тоа ставете ги доматите и ренданиот кашкавал или сирење. Повторете го тоа.

Покриете ја со фолија и ставете ја во фрижидер неколку часа. Кога ќе ја извадите може да ја украсите со млад кромид и домати. Оваа торта ја украсува секоја трпеза.