Жителите на 115 земји присуствуваа на конкурс за избор на неговото име

3-месечно бело мече, кое е родено и живее во зоолошката градина во американскиот град Колумбус, стана вистинска ѕвезда, откако вработените во зоолошката градина објавија конкурс за избор на неговото име.
Во онлајн анкетата гласаа луѓе од 115 земји. Тие избраа мечето да се вика Нора. Преку интернет растот на Нора веќе се следи во земји од сите континенти. Наскоро посетителите на зоолошката градина ќе можат да го видат мечето и во живо.