Салонот на F1rst Motors во Дубаи продава уникатен примерок на Ferrari Daytona SP3, кој е посебен поради неколку причини.
Тој е еден од само 599 произведени примероци и единствениот обоен во BP Green. Покрај тоа, хаубата на неговиот 6,5-литарски V12 мотор, кој развива 840 КС, ги носи потписите на актуелниот Ф1 возач на Ферари, Шарл Леклер и неговиот поранешен тимски колега Карлос Саинц.
Ова Ферари забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 340 km/h.
Покрај импресивните перформанси, SP3 може да се пофали со неверојатен дизајн. „Острите“ светла и испакнатините на страните се вистински спектакл за очите, а што да кажеме за линиите кои го формираат задниот дел…
Се проценува дека автомобилот ќе се продава за повеќе од 5,5 милиони евра.