ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека вчера, при сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала, биле комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри.
-По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр. 49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 кубен метар, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата „Владимир Полежиновски“, во општината Центар.
– Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, соопштуваат од претпријатието.