УНИТЕТИ: На властодршците од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да им се блокира богатство во земјата и надвор и да бидат меѓународно изолирани

од desk3
81 прегледи

“Партиите на власт ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на крајот докажаа дека криењето на злоупотребата на власта од нивна страна е поважно од перспективата на нашата земја, владеењето на правото, демократијата и слободата на говорот”, соопштуваат од партијата Унитети.

uniteti-1

“Сега на секој граѓанин му е јасно дека за нашата власт, Уставот, законите како и кредибилитетот на Македонија во меѓународната политика немаат никаква вредност. УНИТЕТИ оценува дека нашите корумпирини властодршци од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ немаат спремност за решавање на политичката криза и дека единствен начин за нивно казнување од страна на меѓународниот фактор и спасување на земјата од политичко тонење (и не само политичко), е блокирање на нивното богатство во земјата и надвор од неа како и нивна изолација од страна на целата меѓународна заедница.

УНИТЕТИ апелира до меѓународниот фактор кој е гарант на Договорот од Пржино да не дозволи неуспех на истиот и да преземе се што е во нивна можност, бидејќи во спротивно Македонија ризикува продлабочување не само на политичката криза туку и можна дестабилизација на земјата.”