Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, а Обединетите нации утврдиле дека оттогаш загинале 142 деца, иако тој број е секако многу поголем, соопшти УНИЦЕФ.
Мануел Фонтејн, директор за итни програми на УНИЦЕФ, кој штотуку се врати од Украина, рече дека за 31 година од неговата хуманитарна работа, не видел толку брзо раселени деца.
„Тие беа принудени да остават сè зад себе – своите домови, училишта и често членови на нивните семејства“, рече Фонтен во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН, истакнувајќи дека 4,8 од 7,5 милиони украински деца се раселени.