139
Специјалниот претставник и шеф на привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК) Каролин Зијаде, ги поздрави сите мерки за смирување на тензиите на северот на Косово и Метохија, вклучително и отстранувањето на барикадите.
Таа ги призна макотрпните напори на сите страни, вклучително и меѓународните партнери, да се осигура безбедноста на населението на Косово и Метохија во сите заедници.
Зијаде ја истакна важноста од почитување на обврските и продолжување на разговорите за целосно решавање на отворените прашања и нормализирање на односите без одлагање, се вели во соопштението на УНМИК.